Грчката позиција за името е неприфатлива, а на Македонците треба да им се каже дека во иднина ќе бидат Македонци.
Ова денеска во Скопје на средбата со македонските пратеници го изјави европратеникот
Ангелика Бер.
„Грчката позиција за името е неприфатлива бидејќи има договор според кој прашањето за името не е пречка Македонија да стане дел на меѓународните организации“, појасни Бер.
Во однос на ова прашање таа побара отворена дискусија во Собранието.
Бер на средбата со пратениците истакнала и дека „Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговори со Европската унија“.
Copyright 2008 makfax [1] Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.