Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Умрела на сопствената свадба


24-годишната Ивана Благојевиќ од Братунац, Босна, починала во неделата на сопствената свадба. Невестата тргнала да заигра на омилената песна, која и била последна во животот!

Ивана Благојевиќ тргнала да заигра на омилената песна кога паднала среде ресторанот. Останала на место мртва, а докторите утврдиле смрт од срцев удар, пренесуваат медиумите од Република Српска.

Драго Благојевиќ, зетот кој стана вдовец на својата свадба, не може да поверува дека неговата Ивана е мртва. Раскажа дека прославата почнала во неделата наутро и дека Ивана цело време била весела.

„Не се пожали на никакви тегоби. Прво се венчавме в црква, а потоа и во општината. Во ресторанот, каде беше веселбата, Ивана тргна да заигра и одеднаш се сруши. Прво помисливме дека се онесвести од умор, но тогаш видовме дека не дава знаци на живот. Ја однесовме во блиската болница, но за жал....“, раскажа Благојевиќ и додаде дека Ивана никогаш немала проблеми со срцето.

„Не знам што да речам. Ни во најцрните кошмари не можев да помислам дека ќе се случи ваква трагедија. Во саботата се подготвувавме за свадба, а денеска за погрев. Наместо музика и смеење, сега целата куќа е во плач“, во очај изјави Драго.

Цел Братунац е во шок. Жителите велат дека ваква трагедија не се случила досега.

„Беа заедно три години. Многу се сакаа. Кога Драго заврши електротехнички факултет и се вработи, одлучија нивната врска да ја крунисаат со брак“, вели расплаканата сосетка Зорица Павловиќ, додавајќи дека Ивана била примерна девојка.



30.09.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +