Муслиманските верници денеска го прославуваат најголемиот муслимански празник Рамазан – Бајрам.
Утринската молитва сабах – намаз го означува почетокот на денот, а прославата на празникот започнува подоцна со Бајрам – намаз.
По 30-дневниот пост, следи тридневното одбележување на празникот. По молитвата се посетуваат мртвите, потоа следи семејниот ручек, а попладне се оди на гости кај најблиските.
Муслиманите славата кон Алах ја искажуваат со давање милостина кон сиромашните и болните.
30.09.2008