Шпанската сапуница за Кристијано Роналдо и Нереида Гаљардо траеше со месеци, се додека ’незрелата кукавица’ не и раскина на старлетата преку СМС порака. Оставена и разочарана, Нереида ја раскажа целата приказна.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и секси Шпанката се запознаа во јануари во Палма де Мајорка, а нивната врска заврши кога фудбалерот замина во Лос Анџелес каде се опоравуваше од операцијата на глуждот.

Португалецот, вели
Нереида, нивната седуммесечна врска ја прекинал така што дури не и се јавил, а најмногу ја погодило текстот на СМС пораката.

„Бев изнервирана заради начинот на кој ме остави. Тоа е кукавички, но тој е толку незрел. Многу е добар в кревет, па затоа бев со него“, им рече на британските новинари Нереида нагласувајќи дека имале секс уште на првата вечер кога се запознале.

24-годишната поранешна медицинска сестра, која вниманието на папараците го привлекуваше со честото сончање без горниот дел од бикинито, смета дека за раскинувањето е виновна и мајка му на
Роналдо, која според нејзе, ’го изманипулирала’.

Животот во Манчестер не и се допаднал, бидејќи градот е ’здодевен’, а во неговата куќа се сведувало на Плејстејшн, гледање ТВ и секс. Таа, како што вели, никогаш не го изневерила, но мисли дека тој ја изневерувал, бидејќи му нашла компромитирачки СМС пораки на шпански.

Нереида порекнува дека спиела со
Серхио Рамос, што се претпоставуваше дека е причина за заладување на врската со Роналдо, а призна дека и шпекулациите за нивното свршување биле лажни, бидејќи за тоа никогаш не разговарале.