Сигурно сте се нашле во прилика некој на улица кому му изгаснала колата да ви побара помош, па да турнете да запали. Или евентуално, со нашиве страдни автобуси.... Но, авион?
Патниците во Кина, кои требало да летаат од Гуилин во Пекинг, поради технички проблеми морале да ги засукаат ракавите, и да го туркаат авионот. Среќа во несреќа е што авионот не бил џамбо џет.
Авионот сигурно слетал во најголемиот град во провинцијата Женгжу, а откако му се расипал моторот, се расипал и камионот за влечење, па аеродромските службеници им наредиле на екипажот да го туркаат авионот до терминалот.
Откако целата посада не успеала ни да го помрднат авионот од местото, сите 69 патници биле принудени да им се приклучат. Им биле потребни цели два часа за да го турнат 900 метри.
„Среќа што не летавме во џамбо џет, туку во авион што тежи ’само’ 20 тони“, изјави еден од членовите на посадата, откако успешно завршила целата акција.