logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Бред Пит како осумдесетгодишник

The Curious Case of Benjamin Button е новиот филм во кој шминкерите направија вистинско мало чудо, правејќи го Бред Пит толку стар што не може да се препознае. Филмот е адаптација на приказната на Ф. Скот Фитџералд од 1922г. која говори за човекот кој се родил на осумдесет години и наместо да старее, тој во текот на животот се подмладува.
Дејството е сместено во Њу Орлеанс, а го следи животот на Бенџамин Батон од крајот на Првата светска војна, па се до 21 век.
Режијата на филмот ја потпишува Дејвид Финчер, а покрај Бред Пит актерската екипа ја сочинуваат: Кејт Бланшет, Тараџи П. Хенсон, Тилда Свинтон, Џејсон Флеминг и Џулија Ормонд.
Премиерата на филмот е закажана за на 25 декември годинава. Погледнете го трејлерот:

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/5371