Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Најголемите заводници на сите времиња


Не е во прашање изгледот, ниту искуството, успехот во заведувањето е нешто со што лугето се раѓаат или не. Заведувањето е ритуал со комплексни правила, а во тоа само некои се успешни.

Ах, заведување, таа прекрасна уметност! Почетоците на заведувањето се појавуваат уште во древните митови, а главните мотиви за заведување и денес се исти: да се биде забележан и издвоен од масата, да направиш некој да се чувствува посебно, да стекнеш доверба и на крај да се вовлечеш во креветот кај таа личност.

Заведувањето не е вештина која се учи туку така. Тоа е ритуал проследен со комплексни правила. А во што е тајната? Можеби со помош на овие десет големи заводници ќе можете да дознаете нешто повеќе за оваа волшебна вештина. Доаѓаат од различни периоди, од древни времиња, па до денес, но имаат многу заеднички работи: успех, шарм, популарност...

Секако, вистинската уметност во заведувањето не лежи во тоа оној кој се заведува да се искористи, туку да се воведе во еден за него неоткриен свет на романтика, слобода и задоволство и тоа преку креветот!


Казанова

Џовани Џакомо Казанова, венецијанскиот авантурист, музичар, писател, правник... е заводник со кој и денес се мерат сите останати заводници. Често се наоѓал во центарот на скандали поврзани со жени. Денес секој авантурист и неодговорен љубовник луѓето често го нарекуваат Казанова.

Неговата техника? Ако забележи дама во неволја, станува внимателен, ја ослободува од неволјите, и дарува подароци, се служи со ласкави зборови, ќе направи се` за таа да се почувствува прекрасно, ќе крене прашина, ќе му стане досадно и ќе замине.


Катерина Велика

Катерина II, позната како Катерина Велика, била германска принцеза која откако се омажила станала руска царица. Катерина се впуштала во многу врски, имала еден куп љубовници. Често им обезбедувала високи позиции во владата, а кога ќе се заситела, ги испраќала во пензија.

Нејзината техника? Вработување на љубовникот кој добро изгледа и кој е интелегентен да работи за неа.


Клеопатра

Еве и една Македонка на листата. Кралицата Клеопатра потекнува од македонската династија Птолемаиди која владееше со древниот Египет. Користејќи ги своите заведувачки и дипломатски способности, успеа да го придобие Гај Јулие Цезар на своја страна во династичкиот судир и така си си обезбеди власт над Египет. По смртта на Цезар го заведе неговиот генерал и престолонаследник Марко Антониј. И покрај тоа што имала голем нос, се смета за најпознатата и најубавата владетелка во историјата на Египет.

Нејзината техника? Заводнички игри и кокетирање, бањање во млеко и китење со блескав накит за да ги импресионира набљудувачите.


Лорд Бајрон

Англискиот поет Џорџ Гордон Ноел Бајрон, од раѓањето имал проблеми со едната нога. Но, и покрај тоа имал голем успех кај жените и им се препуштал на убавините на разузданиот живот се до крајот на животот, кога починал имал само 36 години. Жените паѓале на неговата сексуалност и интелект, романтика и спремност за акција.

Неговата техника? Страст, страст и уште многу страст.


Вилт Чемберлејн

Ако квантитетот е мерило за успешен заводник, нема подобар пример од кошаркарот Вилт Чемберлен кој тврди дека спиел со повеќе од 20 илјади жени!!! Ако ова е вистина, спиел со по осум различни жени во текот на неделата од својата шеснаесетта година па се до неговата смрт.

Неговата техника? Самоувереност, и почитта што ја покажувал кон жените. А тоа што во свое време бил најплатениот кошаркар сигурно му одело во прилог. За него велат дека бил во состојба да легне се што мрда, но никогаш не бил груб и безобразен.


Расел Бренд

Боем, стенд-ап комичар и најсексипилен вегетаријанец. Самонаречениот еротоман во својата автобиографија My Booky Wook напиша: „Во еден момент имав харем од десет жени и секоја вечер спиев со која ќе посакав.“

Неговата техника? Вербална вештина и хиперактивен шарм.


Џек Николсон

Доволно е да се спомене дека овој неповторлив актер има шест деца со пет различни жени и се ќе ви биде јасно.

Неговата техника? „Ѓаволски поглед“ и шарм.

Џон Вилкес

Новинарот Вилкес иако е опишуван како најгрдиот човек во Англија, бил неверојатен шармер. Тврдел дека може многу побрзо да ја освои наклоноста на некоја дама, од било кој друг позгоден маж.

Неговата техника? Неодолив шарм...


28.09.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +