Во цртаните Џери многу добро го познава Том. Но, и во реалниот свет глодарите мора добро да ја запознаат секоја локална мачка, а за прв пат однесувањето на ловецот и жртвата е проучено во лабораторија.
Иан Мекгрегор и неговите колеги од Универзитетот во Сиднеј открија дека глувците и стаорците престануваат да реагираат на мирисот од мачките со кои често се среќаваат.
Но, кога ќе надушкат нова мачка, стаорците бегаат назад во својата дупка и стануваат екстра внимателни.
Сецирањето на мозокот на стаорците покажува дека делот одговорен за реакција на мачјите феромони станува помалку активен што повеќе се навикнува на секоја посебна мачка.
Еве ги Мекгрегоровите Том и Џери
Од друга страна, мозокот на стаорецот станува поактивен на мирисот од нова мачка, што потврдува дека стаорците различно реагираат на миризбите од секоја мачка.
„Способноста на препознавање на секој предатор игра голема улога во животите на ’дивите’ стаорци“, вели
Мекгрегор [1]. „Познавањето на својот непријател е клучот на преживувањето“.
„Кога во соседството ќе пристигне нова мачка, за стаорците е најдобро некое време да бидат многу внимателни и дефанзивни, се додека не ги запознае нејзините навики и не ја спознаат опасноста“, вели Мекгрегор.
„Ако опасноста е поголема од стар мачот, кој живее во соседната куќа, стаорецот многу брзо би можел да стане негов ручек“, заклучува Мекгрегор, чија работа е објавена во магазинот Neuroscience and Biobehavioral Reviews.