Не само што Даниел Крег нема да вози Астон Мартин и да нарачува мартини ’протресено, неизмешано’, туку во најновиот филм е исфрлено и легендарното претставување на супершпиунот.
Продуцентите на новиот филм за Џејмс Бонд веќе ги налутија најголемите обожаватели на агентот 007 откако беше објавено дека во Quantum Of Solace нема да пие мартини туку Кока Кола, и наместо Астон Мартин ќе вози BMW.
Но, освен познатата нарачка на мартини протресено, неизмешано, во новиот филм ќе изостане и легендарното претставување „Се викам Бонд, Џејмс Бонд“, бидејќи било премногу старомодно за модерниот агент.
„Во сценариото постоеше реченицата ’Бонд, Џејмс Бонд’. На неколку места го снимивме и така, но не функционираше како што се надевавме. Мислев дека тоа треба да се отфрли, а
Барбара Броколи и Мајкл Вилсон (продуцентите) се согласија, вели режисерот
Марк Фостер.
22.09.2008