Минатата недела се шпекулираше за тоа кој е татко на четиригодишниот син на Кели во продолжението од некогаш најпопуларната тинејџерска серија. Во последната епизода Кели откри дека Дилан е таткото, а со тоа најави дека можеби Лук Пери ќе се врати во Беверли Хилс.
Ваквото откритие дојде по жестоката кавга меѓу Кели (
Џени Гарт) и Бренда (
Шенон Доерти).
Џени на медиумите им раскажа дека на Кели и Дилан им е судено да бидат заедно.
„Продуцентите одлучија татко на детето да биде Дилан, бидејќи тој и Кели во минатото имаа страстна врска. Никој не може да одрече дека се создадени еден за друг. Дури ни јас во првите три епизоди не знаев кој е татко, а кога го прочитав сценариото, се ми стана јасно. Логично е Дилан да е таткото“, раскажа Гарт, а по повод ваквиот развој на настаните се очекува и враќање на
Лук Пери во серијата.

„Враќањето на Лук Пери во серијата моментално е во преговори, бидејќи авторите на серијата сакаат да направат љубовен триаголник Кели-Дилан-Бренда“, изјави извор од продукцијата.
Џени се надева дека освен Пери во серијата ќе се врати и
Џејсон Пристли кој го глумеше Брендон.
„Навистина би сакала да работам со Лук, просто го обожавам. Исто така би сакала да работам и со Џејсон и би била пресреќна кога во серијата ќе има барем еден од нив двајца“, призна 36-годишната Гарт која улогата во новиот Беверли Хилс и помогна да се обиде да ја врати старата слава.
18.09.2008