Ноел Галагер, главниот гитарист и авторот на повеќето песни на Оејзис, вели дека нивните први три албуми настанале под влијание на тешки дроги. Затоа и биле толку генијални, тврди Галагер.
„Пред 1997 година не пишував песни без старите добри колумбиски работи кои те придвижуваат. Не заборавајте, бев на дроги и пред да влезам во бендот. Првите три албуми се напишани под дроги“, откри
Ноел Галагер за магазинот Spin.
„Се сеќавам дека во тотално лудило отидов во задната соба и ја постигнав целта - напишав песна за 10 минути. Тоа беше Supersonic" Сите три албуми се пишувани на дрога. Затоа се и така добри. И тоа сега навистина ме излудува.“
Галагер додава дека и сега го прогонува мислата дека би можел повторно да биде генијален кога би им се вратил на дрогите, но дека тоа трае помалку од секунда.
18.09.2008