„Вие разбирате, тоа што го запираме уривањето - тоа мене ми создава работа, јас сум на тапет. Разбирате, јас не работам по закон“, вели градоначалничката на Центар Аларова на тајно снимени разговори со жртви од урбаната мафија.
„Тоа ми е најтешко. Ниту знам што се правело, ниту како се правело“, вели Виолета Аларова.
Шокантни снимки од телефонски разговори поврзани со зградата-дивоградба на улицата Васил Стефановски 28 во центарот на Скопје, се објавени на ЈуТјуб.
На нив надлежните органи ’прекрасно’ ги откачуваат сопствениците на имот на кој, како што тврдат, некоја фирма нелегално им изградила зграда и не само што не им дозволува да стапнат на нивниот приватен имот, туку и физички им се заканувале.
Еве ги скандалозните снимки во целост објавени и преземени од ЈуТјуб.
Прочитајте повеќе за целиот случај во Нова Македонија [1].