И будалиот бега од пијаниот, но што да прави теренецот паркиран на плоштад. Минувачите во Сан Антонио во Тексас не можеа да поверуваат на своите очи кога пијан маж среде бел ден се обиде да издупи еден Тојота теренец. Непознатиот пијан маж во американскиот град Сан Антонио откако излегол од локалната биртија сигурно го удрило сексуалниот нагон, бидејќи наместо да си побара чаре како што е нормално, и се закачи на паркираната Toyotа 4Runner.
Неверојатната сцена некој од минувачите ја снимил со камера, а целиот подвиг трае дури неколку минути. Типот малку се одмора, па се обидува повторно, па се оддалечува, па пак му се враќа на своето „љубено“ возило. Но, тој и Тојотата изгледа не успеаја да се пронајдат заедно во светот на љубовта, па незадоволениот пијаница на крајот се откажа.
Освен што автомобилот беше безобразен и воопшто не сакаше да чуе за неговите елементарни потреби, уште полоши беа и полицајците кои беа повикани од минувачите. Прашање е дали типот ќе се сети на неговата најголема љубовна авантура откако ќе се отрезни во ќелијата.
17.09.2008

































