Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Најчестите женски грижи за сексот


Честопати сте се загрижиле за сексот. Дали ќе биде добар? Дали ќе ги задоволите високите стандарди на вашиот партнер? Дали ќе забремените? Во разни фази на врската ве загрижуваат различни прашања поврзани со сексуалноста.

Еве ги најчестите женски грижи.


Што ако не му се допадне моето тело?

Ретушираните, набилдани и сончани тела на супермоделите поставија нови стандарди за убавина создавајќи армии на незадоволни жени кои сакаат совршено тело. Но, запамтете дека без оглед на каков облик на телото имате, мора да го сакате, а вашиот партнер веројатно не ги ни забележува ситните недостатоци. Важно е како се чувствувате, а помалку важно како изгледате.


Што ако останам бремена или добијам некоја полова болест?

Стравот од забременување и од полово преносливи болести се два најчести стравови кои се однесуваат на сексуалноста. Употребата на кондом во голема мерка ги намалува и двата стравови. Кондомите се во 98 проценти од случаите сигурни и делотворни ако правилно се стават. За да бидете сигурни дека добро сте заштитени, секогаш после сексот проверете дали кондомот е пукнат или по некоја случајност нешто истекло од него.


Што ако не можам да доживеам оргазам?

Се споменуваат некои статистички податоци дека 80 проценти од жените не можат да доживеат оргазам само со пенетрација. Од друга страна, холивудските филмови прикажуваат секс сцени во кои жените свршуваат во првите неколку минути, а со тоа создаваат нереална слика, која сакале ние тоа или не, негативно влијае врз самодовербата. Но, за оргазам на многу жени им е потребно многу повеќе од пенетрација. Пробајте со стимулација на клиторисот, мастурбација, секси играчки. Ако сакате да доживеете оргазам, мора да ја најдете позата која најмногу ќе ви одговара.


Што ако не ми биде добро?

Сексот е уживање, забава, задоволство. Освен самата пенетрација, уживајте во бакнувањето, допирите и галењето. Ако вашиот партнер после неколку минути преминува на главната работа, речете му дека не треба да се брза и покажете му што сакате.


Понекогаш ме привлекуваат девојки. Дали сум лезбејка?

Често може да се случи девојка да биде привлечена од друга девојка. Тоа не значи нужно дека имате хомосексуални склоности и дека сте геј. За многу жени сексот со друга жена е само дел од фантазијата, но тоа не значи дека имаат храброст или желба тоа исто да го направат и во вистинскиот живот.

16.09.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +