Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Што им премолчуваат жените на своите партнери


Жените, според мислењето на повеќето мажи се комплицирани суштетства. Зборуваат во шифри, зборуваат за проблемите наместо да ги решаваат, со часови ги анализираат односите меѓу луѓето....

Но, сепак знаат што и кога нешто да им премолчат на своите сакани. Така никогаш не откриваат колку всушност платиле за новото парче облека, нема да признаат дека бившиот и не бил така лош во сексот и дека тие како мажите се плашат од врзување.


Ви носиме список на тајни за кои обично жените молчат и кои никогаш нема да ви ги признаат. Некои од нив може да шокираат, а некои мажите ги претчувствуваат, но никогаш немаат храброст отворено да прашаат за нив.


Цената на се што ќе купат го намалуваат за барем 20 посто

Ретко која жена на својот маж ќе му ја каже вистинската цена на новиот фустан, парфем или чевли. Мажите едноставно не можат да сфатат како жените можат да издвојат толку пари за облека. За да ги избегнат непотребните расправии, малку ќе ја нашминкаат вистината. Цената на секоја поскапа купена работа ќе ја намалат за барем 20 посто.


И тие се нервозни кога мора да се врзат

Иако повеќето девојчиња сонуваат за „принцот на бел коњ“ кој ќе ги однесе во бела венчаница пред олтар, кога еден ден до тоа ќе дојде ги фаќа паника. И жените губат од својата независност и се врзуваат за цел живот. Но кога ќе помине „денот Д“ повеќето од нив се среќни што покрај себе имаат личност со која можат се да поделат.


Мислат на секс многу повеќе од што се верува

Иако е врежано мислењето дека мажите постојано мислат на секс, сепак истото може да им се препише и на жените. Понекогаш и жените цел ден мислат на секс, а на памет им паѓаат и палави сценарија и валкани мисли. Но, на крајот на денот многу често се уморни за реализацијата на фантазиите. Пробајте да ја искористите паузата за ручек.


Модерни се и независни, но се уште сакаат мажот во врската да ’носи пантолони’

Иако многу жени денес се силни, самостојни и независни, всушност сакаат нивниот љубен да биде сексуален предатор со тело на Аполон, мозок на универзитетски професор, со манири на најголем џентлмен, сила на грубијан кој знае кога треба да ги покаже забите.

Многу мажи, се разбира, ќе речат дека жените го сакаат невозможното – маж кој е чувствителен и шармантен, но кој, кога треба да се биде вистински маж, ќе знае да донесува одлуки и да удри со тупаницата по маса. Па сега вие сметајте кога треба да бидете грубијан, а кога чувствителен.


Бившиот и не бил толку лош в кревет

На моменталниот партнер жените му зборуваат дека е најдобриот љубовник кој некогаш го имале и дека претгходниот не е вреден ни за спомнување. Но, понекогаш вистината е поразлична – бившиот бил вистински ѕвер во кревет, но немал никакви други квалитети. Зар навистина мислите дека некогаш ќе ви го каже тоа?


Сакаат нивните мажи да бидат малку и љубоморни

Жените сакаат мали знаци на љубомора. Тоа им покажува дека нивните мажи мислат и се грижат за нив. Сепак, никако немојте да се однесувате како посесивен неандерталец, бидејќи тоа може само да ги разбесни.


Ги обожуваат своите мажи, но жал им е што повеќе никогаш нема да ја почувствуваат страста на новата љубов

Многу жени се зависнички од љубов. Тешко им е да се помират дека веројатно никогаш нема да почувствуваат, или нема да смеат да почувствуваат нова љубов, страста на новата врска и првиот бакнеж со некој кој им се допаѓа. Гледале премногу ромамтични комедии, прочитале премногу љубовни книги и се уште лудо се заљубени во поимот љубов и заљубување. Но, тоа не значи дека ве сакаат помалку, само сакаат да си фантазираат.


Сонуваат за згодните познати фраери, но тоа не значи дека сакаат да бидете како нив

Секако дека Бред Пит, Кристијан Бејл и Џорџ Клуни се неодоливо секси. Тоа сепак не значи дека вас ве сметаат за помалку привлечни заради тоа.


На пријателките повеќе им кажуваат отколку што ќе ви признаат, но помалку од тоа што стравувате

Секако дека на пријателките им раскажуваат за свекрвата и последната кавга кои ја имале со вас, но не мора да се плашите за останатите интимности. Никогаш не раскажуваат колку ви е голем, или дека сте плачеле како мало дете кога татко ви умрел. Некои работи се премногу интимни и важни за да се поделат со пријателките.


Ги пали помислата да водат љубов со жена

Повеќето жени, ако не и сите, се палат на помислата за секс со друга жена. Иако за ваква авантура веројатно никогаш нема да имаат храброст, помислата на друга гола жена или гледање на лезбејски секс може силно да ги возбуди.

Својата фантазија веројатно никогаш нема да ја признаат, а можеби не би ја подлнеле помислата да предложите секс во тројка. Сепак тие не би сакале да ве делат. Или можеби сакаат?



11.09.2008




Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +