Алкохолот делува врз создавањето на сеќавањата – ги зацврстува сеќавањата на убавите работи и го слабее на непријатните ситуации. Сепак ова се однесува само на возрасните лица.
Научниците од универзитетот Сасекс, кои се занимаваа со ова истражување, останале шокирани од дејството на алкохолот врз помнењето.
Во оваа студија, тие го проучувале помнењето, пред, после и за време на уживањето во алкохолот кај група волонтери и го споредиле со група која не пиела алкохолни пијалоци.
Малку алкохол го спречува мозокот од формирање на нови сеќавања, а со тоа ги зацврстува оние до кои дошло пред да почнеме да пиеме.
Во поголеми количества, алкохолот се меша во делувањето на хемикалиите важни за создавање на помнењето и се сеќаваме само на добрите сцени. Овие откритија се однесуваат само за возрасните луѓе, бидејќи мозокот на тинејџерите се уште се развива и за нив алкохолот воопшто е штетен.
11.09.2008