Компанијата Гугл наскоро ќе им овозможи на сите посетители на интернет да зачекорат во интересното минато и да се потсетат на моментите кои останале забележани во весниците.
Гугл започна проект на скенирање на стари весници чија содржина ќе биде објавена на Интернет. Ќе бидат скенирани милиони страници од архивите со вести, фотографии, статии, наслови и огласи.
Проектот ќе биде комерцијален, а Гугл има намера да постави модерни реклами на страниците кои ќе бидат исполнети со содржини од стари весници.
На својот блог, менаџерот на компанијата Пунит Сони, изјави дека на светот постојат милијарди новински страници кои содржат секакви стории. Целта на Гугл е да им помогне на читателите да пронајдат се што им треба, од најмалиот локален неделник до најголемите дневни весници.
Засега за проектот се пријавија и неколку новински куќи, а резултатите ќе се видат за некое време на
Google News Archive [1].