Научниците предвидуваат дека бројот на жителите на Европската унија до 2050 година ќе се намали од сегашните 591 милиони на 542. Просекот на Европејците ќе биде 47 години.
Жителите на ЕУ и тоа особено на западните држави, стануваат се постари и помалкубројни, пренесува словенечката новинска агенција СТА.
Истражувањето на германскиот институт за население и развој покажа дека до 2050 година бројот на Европејците ќе се намали за 8,3 отсто, а просечната старост на жителите наместо сегашните 38,9 ќе биде 47,3 години.
Според процените на научниците, бројот на жителите на Европа до 2050 година од сегашните 591 милион ќе се смали на 542 милиони, додека постарите луѓе од 65 години ќе се зголемат од 16 на 28 отсто.
Границата на староста, која го дели населението на млади и стари постепено расте, па така во 1950 година била 31 година, 2005 достигнала 38 години, а се предвидува дека до 2050 година ќе се искачи на 48 години.
Научниците велат дека за де се задржи сегашната популација жените во просек треба да раѓаат по 2,1 дете а моментално раѓаат по 1,5 деца во просек.
Разлики постојат и во различни делови на ЕУ. Така наталитетот во северна и северозападна Европа изнесува меѓу 1.8 и 2, додека во Германија, Шпанија и Италија е под 1.4.
9.09.2008