logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Хамилтон казнет, Маса победник

На Луис Хамилтон му е одземена победата на трката за Големата награда на Белгија, по што тој се најде на третото место, а десетте бодови му припаднаа на Бразилецот Фелипе Маса. Во трката со неверојатен број пресврти Хамилтон ја искористи грешката на Финецот Кими Раиконен, кој водеше се до последниот круг, а набрзо по губењето на водечката позиција, тој излета во обид повторно да го престигне младиот Британец. Втор заврши Фелипе Маса, а трет Ник Хајдфилд, кој во последниот круг извози навистина маестрално и од седмото се најде на третото место. Сепак, тоа не беше крај на драмата, Маса отпосле беше прогласен за победник и така дојде на само чекор од Хамилтон во генералниот пласман на возачи. Бразилецот сега има само 2 бодови помалку од лидерот, трет е Кубица со 8 бодови заостанување, а четвртиот Раиконен има дури 19 бодови помалку. Ферари сеуште се наоѓа на конструкторскиот врв со 131 бодови, пред Мекларен Мерцедес кој има 119 и БМВ со 107. Погледнете го најинтересниот дел од трката каде Раиконен и Хамилтон се престигнуваа, по што Финецот заврши во оградата. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/5008