На Луис Хамилтон му е одземена победата на трката за Големата награда на Белгија, по што тој се најде на третото место, а десетте бодови му припаднаа на Бразилецот Фелипе Маса.
Во трката со неверојатен број пресврти Хамилтон ја искористи грешката на Финецот Кими Раиконен, кој водеше се до последниот круг, а набрзо по губењето на водечката позиција, тој излета во обид повторно да го престигне младиот Британец.
Втор заврши Фелипе Маса, а трет Ник Хајдфилд, кој во последниот круг извози навистина маестрално и од седмото се најде на третото место.
Сепак, тоа не беше крај на драмата, Маса отпосле беше прогласен за победник и така дојде на само чекор од Хамилтон во генералниот пласман на возачи. Бразилецот сега има само 2 бодови помалку од лидерот, трет е Кубица со 8 бодови заостанување, а четвртиот Раиконен има дури 19 бодови помалку.
Ферари сеуште се наоѓа на конструкторскиот врв со 131 бодови, пред Мекларен Мерцедес кој има 119 и БМВ со 107.
Погледнете го најинтересниот дел од трката каде Раиконен и Хамилтон се престигнуваа, по што Финецот заврши во оградата.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев На најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико Одржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш Авторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти! Претседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра Германската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.