Фудбалерот на италијанската репрезентација и Милан поради повреда го напушти кампот во кој неговите репрезентативни колеги се припремаат за претстојниот натпревар против селекцијата на Грузија.
Тој го скршил зглобот од раката на денешниот тренинг откако се лизнал во просторот каде што се наоѓаат соблекувалните. Докторите одлучиле дека повредата е сериозна и веднаш бил пренесен во болница каде била извршена интервенцијата.
Италијанскиот селектор
Марчело Липи веќе остана без
Алесандро Гамберини и
Фабио Гросо, кои се повредија во минатиот квалификациски натпревар против Кипар. Гамберини го повреди рамото и ќе остане надвор од терените неколку недели, додека Гросо скрши две ребра, што значи дека ќе паузира нешто повеќе од еден месец.
Липи веќе потврди дека за натпреварот со Грузија нема да повика замена затоа што смета дека веќе има на располагање доволен број на фудбалери.
Филип Крстевски/Таратур8.09.2008