Според српскиот весник ’Новости’, наследник на Зденек Земан на клупата на најтрофејниот српски клуб ќе биде македонскиот тренер Чедомир Јаневски.
Како што пренесува весникот, 47-годишниот
Јаневски е избор на новиот спортски директор на Црвена ѕвезда
Илија Ивиќ. Македонецот е некогашен асистент на норвешкиот стратег
Тронд Солид, со кој соработуваше во белгиски Бриж, а од 2005 до 2007 година и во грчки Олимпијакос, од кога датира неговото познанство со Илиќ.
Јаневски најверојатно уште денес ќе пристигне во Белград од Дубаи, каде ова лето го водеше клубот Ал Шааб.
Македонскиот тренер е некогашен играч на Вардар, Железничар и на Бриж. Во белгискиот клуб го имаше единствениот сериозен ангажман како шеф на стручниот штаб и со тимот кој го водеше само пет месеци, успеа да го освои Купот на Белгија.
Филип Крстевски/Таратур8.09.2008