Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Македонските кошаркарски репрезентативци со убедлива победа од 85:48 ја совладаа Португалија, во рамките на 2-то коло во “Б“ групата од квалификациите за ЕП 2009 во Полска.
Во салата Борис Трајковски во Скопје, кошаркарите ја запечатија денешната успешна спортска сабота. Најпрецизен на натпреварот со 23 постигнати поени беше
Врбица Стефанов, а со својата игра се истакнаа уште и
Гечевски, Антиќ, како и атрактивниoт
Мејси.
Оваа победа е од големо значење за
Македонските лавови по несреќниот пораз пред три дена, на гости против Летонија.
Квалификацискиот кошаркарски циклус продолжува веќе в среда (10-ти септември), а избраниците на
Јовица Арсиќ и гостуваат на Естонија.