Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Најмногу пари ова лето потрошија клубовите од Милано, Интер и Милан, кои покрај засилувањата им ги зголемија платите и на фудбалерите кои веќе настапуваа за нив. Трошоците на двете екипи достигнаа сума од 120 милиони евра.
Веднаш зад нив се наоѓа Јувентус со трошоци од 115 милиони евра, додека Рома има потрошено двојно помалку.
Останатите клубови имаат далеку помали трошоци од водечката тројка.
1. Милан 120 милиони евра
2. Интер 120
3. Јувентус 115
4. Рома 65
5. Фиорентина 37
6. Џенова 35
7. Наполи 29
8. Палермо 28
9. Лацио 27
10. Торино 25
11. Сампдорија 20
12. Каљари 20
13. Катанија 20
Филип Крстевски/Таратур6.09.2008