logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Рафаел Собис во Ал-Џезира

Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати. Парите прават чуда. Уште еден бразилец се најде во средина во која сигурно не ни сонувал дека ќе игра. Робињо пред само неколку дена потклекна пред златниците на милијардерот од Абу Даби, главниот град на УАЕ каде Собис ќе ги помине наредните пет години играјќи за Ал-Џезира. Бразилецот дојде во Севиља пред две години од Порто Алегре за осум милиони евра и беше етикетиран како голема ѕвезда во подем. Но во Бетис не се прослави баш многу и кариерата му одеше со едно константно средно темпо. Сите очекуваа тој да замине во друг шпански клуб, но еве Собис процени дека за неговата кариера најдобро е тој да замине во арапска лига. Времето ќе покаже дали ова е потег за пари или пак талентираниот Бразилец требаше да си ја побара среќата на европскиот континент. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4986