Ех какви времиња дојдоа... Порано елитниот британски таен агент пиеше само водка-мартини (протресена, неизмешана) и локаше Дом Перињон небаре е вода, а денес спадна на сокче...
Кока Кола склучи договор вреден 6,15 милиони евра за најпознатиот таен агент во новиот филм Quantum of Solace да го пие најпопуларниот безалкохолен пијалок.
Покрај тоа, пред премиерата во Велика Британија ќе биде пуштена во продажба лимитирана серија Coca-Cola Zero Zero 7, во чест на заштитното име на агентот.
„Чест ни е што можеме да учествуваме во овој голем и многу важен проект. Новиот, модерен Џејмс Бонд најверодостојно го претставува Coca-Cola Zero брендот и се очелува дека оваа соработка ќе постигне успех кај нашата целна публика, мажи во раните дваесетти години“, изјави Боби Бритон, бренд директор на Кока Кола во Велика Британија.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев На најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико Одржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш Авторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти! Претседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра Германската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.