logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Рекоба заврши во Паниониос

Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос. Некогаш многу бараниот Уругваец последниве години имаше голем пад во кариерата. Прво неговиот Интер го прати на позајмица во Торино, а годинава доби корпа и од двата италијански клуба. На Рекоба му истече договорот, а не сакаа да го задржат ни во Торино. На крајот сепак доби понуда од Англија, но тој се одлучи за побавната и полесна грчка лига.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4979