|
|
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Некогаш многу бараниот Уругваец последниве години имаше голем пад во кариерата. Прво неговиот Интер го прати на позајмица во Торино, а годинава доби корпа и од двата италијански клуба.
На Рекоба му истече договорот, а не сакаа да го задржат ни во Торино. На крајот сепак доби понуда од Англија, но тој се одлучи за побавната и полесна грчка лига.
5.09.2008
|
|
|
|
 |
Видео: Головите што ви ги должиме Поради неодложни обврски, викендов ги немаше вообичаените видеа од натпреварите ширум Европа. Се извинуваме поради тоа и отсега продолжуваме со вообичаеното темпо - видео по секој поинтересен натпревар. |
 |
Дрогба дефинитивно останува Напаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон. |
 |
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш Авторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило. |
|