Гитарата заради која Џими Хендрикс си ги изгоре прстите, но и предизвика револуција во сценските настапи, продадена е на аукција во Лондон за скоро половина милион долари.
Џими Хендрикс го запали својот Фендер Стратокастер од 1965 година на славниот концерт што го одржа во 1967 година во Финсбери Асторија во Лондон. Потоа мораше да биде префрлен в болница поради изгореници на рацете.
Ваквиот чин на Хендрикс означи „пресвртница во музичките настани“, како што вели
Тед Овен, директор во компанијата Fame Bureau, која се занимава со продажба на предмети кои им припаѓале на рок легендите, а која ја организираше оваа аукција.
„Хендрикс го подигна нивото на концертите и уште и денес е недостижен пример на голем број обожаватели кои сакаат да го имитираат“, додава Овен.
Гитарата постигна цела од 285.000 фунти или 495.000 американски долари.
На лицитацијата одржана вчера вечер продаден е и првиот договор на Битлси, кој достигна цена од 240.000 фунти, односно 296.000 евра. Станува збор за договор од 24 јануари 1962 година, кој групата од Ливерпул го потпишала со менаџерот
Брајан Епштајн, човекот кој што ги откри додека свиреле во “Каверн клуб“ во Ливерпул.
5.09.2008