Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?



Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Само неколку дена откако инвестициската куќа Јунајтед Груп од Абу Даби го купи Манчестер Сити, англиските медиуми пишуваат дека на вратата на Ливерпул повторно тропа еден од главните луѓе во Дубаи - шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум (арапски: راشد بن سعيد آل مكتو).

Шеикот се обиде да го купи Ливерпул и пред две години, но тогаш беше ’истуркан’ од Американците на кои Мухамед, инаку и премиер на Обединетите Арапски Емирати, им понудил чесно да отстапат од позицијата и да му го продадат клубот.

Не е претерано доколку кажеме дека навивачите на црвените ги мразат сегашните сопственици, а во средата навечер дури и ја замолија Кралската банка на Шкотска да ја прекине финансиската поддршка кон нив.

Шеикот Мухамед, како што велат медиумите, во тоа ја препознал својата прилика, па ќе им понуди на сегашните сопственици малку профит, само да се ’изгубат’ од Енфилд Роуд.

Се очекува дека неговата понуда за да го преземе клубот ќе изнесува околу 615 милиони евра.

За оние кои досега немаат слушнато за овој човек, да истакнеме дека тој е на петтото место на листата со најбогати луѓе во светот, а неговото богатство е проценето на нешто повеќе од десет милијарди долари.

Досега тој на два пати се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Првиот пат во 1981 година кога на неговата венчавка потроши 44 милиони долари (сега би биле околу 100 милиони), а вториот рекорд го направи кога плати 10.2 милиони долари за коњ со име Снафи. Воедно шеикот е сопственик и на 163 метарска јахта која е една од неколкуте во целиот свет.

Филип Крстевски/Таратур
5.09.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Видео: Головите што ви ги должиме
Видео: Головите што ви ги должиме
slikaПоради неодложни обврски, викендов ги немаше вообичаените видеа од натпреварите ширум Европа. Се извинуваме поради тоа и отсега продолжуваме со вообичаеното темпо - видео по секој поинтересен натпревар.
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +