Новите сопственици на Манчестер Сити дефинитивно одлучиле клубот да го направат најдобар во светот. Според најновите информации нивната најнова желба е италијанскиот репрезентативен голман.
Ал-Фахим и неговите соработници сакаат да го подигнат клубот на највисоко ниво, а во тоа не планираат да ги штедат нивните пари кои ги има и повеќе од доволно.
„Ако е можно да се купат најдобрите играчи во светот, тогаш ние ќе ги купиме. Сакаме сите играчи да се од светска класа и сме многу сериозни“, изјави портпаролот на новиот сопственик.
Според некои шпекулации од англискиот клуб ќе му понудат на Јувентус високи 70 милиони фунти како отштета за
Џанлуиџи Буфон.
Јуве најверојатно нема да падне на искушението и да го продаде својот голман, но сосема сигурно е дека во Торино добро ќе ја разгледаат оваа богата понуда.
Инаку, Буфон со доаѓањето во Јувентус од Парма која инкасираше 32 милиони долари стана највисоко платениот голман во светот.
Филип Крстевски/Таратур5.09.2008