По 24-часовна неизвесност и откако Англичанецот поднесе оставка која не беше прифатена од Њукасл, денес сепак стана јасно дека тој си заминува од клубот.
Неговото заминување сигурно ќе предизвика нов бес кај навивачите на клубот, кои вчера почнаа да испраќаат закани кон сопственикот
Мајк Ешли.
„Работев напорно за да најдам заеднички јазик со управата, но нажалост тоа се покажа невозможно. Моето мислење е дека менаџерот мора да управува со тимот, а клубот да не ги наметнува играчите кои се желба само на сопственикот“, ијзави
Киган за англиските медиуми.
Филип Крстевски/Таратур