Германските клубови се потешко го одржуваат чекорот со шпанските, англиските и италијанските тимови, кога се во прашање засилувањата.
Во летниот преоден рок бундеслигашките клубови потрошија 150 милиони, колку што потрошија Англичаните само на последниот ден од преодниот рок.
Летово германските клубови потрошија 45 милиони евра помалку отколку пред една година.
Откако минатата година Баерн Минхен издвои 70 милиони евра на засилувања, Баварците летово беа многу скромни. Од Милан на позајмица го зедоа Масимо Одо, а Тим Боровски дојде без отштета од Вердер.
Летово најмногу финансиски средства за засилувања потрошија Хамбург и Волфсбург. Двата клуба потрошија по 28 милиони евра. Хамбург ги ангажираше Младен Петриќ, Тиаго Невес, Алекс Силва и Марсел Јансен.
Најзвучни нови имиња во тимот на Волфсбург се Андреа Барзаљи и Кристијан Закардо, кои во тимот чиј спонзор е "Фолксваген" пристигнаа од Палермо.