Контроверзниот белгиски уметник Вим Делвој одгледува свињи за да ги тетовира, а сега и ги изложува. Но, по турнеите по галерии и музеи на свињите не им се пишува арно...
Вим Делвој е белгиски уметник кој живее во Пекинг. Сега подготвува изложба на тетовирани свињи, кој сам ги одлгледал и ги тетовирал, инспириран од Луј Витон.
Шангајскиот изложбен центар се согласи да ги изложи тетовираните свињи во привремена „кочина“ во склоп со изложбите на современа уметност.
Делвој ги увезувал свињите од Европа за својот проект
Уметничка фарма и ги тетовирал уште додека биле мали.
„Беше прекрасно да се набљудува како тетоважите растат заедно со прасињата", рече уметникот.
Портпаролкатата на галеријата во Пекинг рече дека свињите не се за продажба, но подоцна нивната кожа ќе се продава за 60.000 фунти по парче.
За време на изложбата свињите ќе бидат мачкани со специјален крем со висок заштитен фактор за да не изгорат од сонцето и за делата на Делвој да бидат што подобро зачувани.
4.09.2008