Големиот брат - четиригодишен слон навлечен на хероин, по терапијата со метадонски инекции успешно ја победи зависноста и сега е чист. Ах тие криумчари!
Слонот фатен во 2005 година во југоисточна Кина кој бил зависен од хероин бидејќи го навлекле криумчари на животни, хранејќи го со банани „зачинети“ со хероин, ќе се врати дома по програмата за одвикнување во кинеската покраина Хаинан.
Четиригодишниот слон, познат како „Големиот брат“ или Ксигуанг, бил фатен во 2005 година на југоистокот на Кина, а со „зачинети“ банани го хранеле криумчарите на животни за полесно да го контролираат.
Откако полицијата ги уапси криумчарите и го ослободи слонот, по неколку месеци било утврдено дека животното страда од зависничка криза, па и е испратено во центарот за заштита на животни во Хаинан.
Едногодишниот третман со метадонски инјекции, кои биле пет пати посилни од оние што се даваат на луѓе, му помогна на Големиот брат да ја победи зависноста.
Се очекува в сабота слонот да биде донесен во резерватот во Кунминг, во покраината Јунан.
4.09.2008