Храбрите близначки заедно ја победија леукемијата
Еднојајчени близначки на кои во 2001 година им беше дијагностицирана леукемија се опоравија и тргнаа на училиште. Шансите и двете да се разболат од иста болест беа проценети на еден наспрема девет милиони.
На
Кејти и
Челзи Јанг, 11-годишни еднојајчени близначки од Брекон, истата диајгноза дека се болни од леукемија им била утврдена во растојание од неколку недели.
Страшната болест прво била дијагностицирана кај Кејти откако медицинската сетра забележала дека кожата на девојчето е многу бледа и прилично нездраво изгледа.
42-годишната мајка
Шина тогаш била многу испаничена дека би можела и Челзи да се разболи бидејќи се идентични близначки. Но докторите ја уверувале дека шансите за такво нешто се еден наспроти девет милиони, пишува Дејли Меил.
Со среќната мајка
Сепак, набрзо потоа било откриено дека и Челзи боледува од акутна лимфобластична леукемија.
Потоа следеле неколку години макотрпно лечење и примање хемотерапијаво болницата во Кардиф за на крај и двете девојчиња да ја победат болеста.
„Тоа беа тешки моменти, кога се плашев за исходот. Но, мислам дека моите девојчиња ја победија болеста првенствено затоа што се имаа една на друга“, вели среќната мајка.
На училиште...
Девојчињата сега се здрави, но не седат во исто одделение.
„Веднаш стекнавме многу пријатели, сите знаат што се случи. Навистина сме среќни сега“, вели Кејти.
„Мислам дека на училиште ќе ни биде ’кул’“, додава Челзи.
4.09.2008