logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Вицологија 7

Еден човек си вози трабант со 80км на час, на место каде е дозволено 70. Го запира полицаец и му вели: - Педесет евра! - Малку е! Дај уште 25 барем и твој е.
Менувам електрична гитара за плинска.
Еден ловец и се жали на жената: - Жено, си шетам низ шумата и гледам, што ќе видам – лисица! Ја кревам пушката и баааам – ја штавив! Се приближувам да видам и да не ти се верува, тоа да не било лисица, ами куче... Море навистина лукави животни биле тие лисиците еј!
Ѓоко се јавува на ветеринар: За некое време кај вас ќе дојде мајката на жената ми со старата кучка. Ве молам дајте и некој силен отров да не се мачи и да умре брзо. - А кучето ќе знае само да се врати дома?
Шета патрола од тројца полицајци и првиот вели: - А, бе, слушнавте дека во септември ќе биде 40 степени? А, вториот: - Нема врска, јас разбрав дека ќе паѓа снег. Третиот си мисли, си мисли и вика: - Ај да му ебам мајката, кој ќе чисти снег на 40 степени?
Си оди Пецко дома и татко му го прашува како си поминал на училиште. Пецко му вели дека добил единица по математика, физичко, македонски и веронаука. Се изнервирал таткото и го прашува: е ајде објасни како успеа во еден ден да добиеш четири кеца. Пецко: По физичко, прво професорот бараше да стоиме на една нога, па потоа да ја кренеме другата Таткото: Па на кој кур ќе стоиш после? Пецко: Е и јас така реков. Пецко: По македонски професорката рече секој да каже една реченица. Прво се јави Марко и рече дека Сашка го сака Кире, а потоа се јави и Филип и рече дека Сашка го сака Ивица. Таткото: Па таа Сашка е курва! Пецко: Е и јас така реков. Пецко: По математика професорката ме праша колку се 2+3 и јас реков 5, а потоа ме праша колку се 3+2 Таткото. Па тоа е исти кур! Пецко: Е и јас така реков. Пецко: По веронаука професорот зборуваше дека Исус живее секаде и јас го прашав дали живее во визбата од соседот Мирко, а тој одговори да. Таткото: Жими куров, Мирко нема визба! Пецко: Е и јас така реков.
Духовити автомеханичари После секој лет, пилотите од авио-превозникот Квантас оставаат белешка на механичарите со опис на проблемот, а пред следниот лет механичари оставаат одговор што направиле. Инаку, Квантас е единствена светска авио-компанија на која никогаш не и се срушил авион. Еве неколку белешки на пилотите и одговори на истите од маханичарите: Барање: Левата гума речиси треба да се замени. Извештај: Левата гума е речиси заменета. Барање: Нешто се откачило во кабината. Извештај: Нешто закачивме во кабината. Барање: Автопилотот сам ја губи висината за по 200 стапки во минута. Извештај: Не успеавме да го повториме случајот на земја. Барање: Траги од капење на горивото на левиот дел од трупот на авионот. Извештај: Трагите се избришани. Барање: Звукот од ДМЕ-инструментот е гласен просто да не поверуваш. Извештај: Звукот од ДМЕ-инструментот е подесен на ниво на кое можеш да поверуваш. Барање: ИФФ инструментот е неоперативен. Извештај: ИФФ инструментот е секогаш неоперативен кога е исклучен. Барање: Се сомневаме дека има пукнатина во стаклото на ретровизорот. Извештај: Се сомневаме дека сте во право. Барање: Го нема моторот број 3. Извештај: Со визуелен преглед на леталото пронајден е моторот на левото крило. Барање: Авионот смешно реагира на дадените команди. Извештај: Авионот е предупреден да биде посериозен. Барање:Чуден звук се слуша од иструменталната табла,како некое џуџе да удира со чекан. Извештај: На џуџето му е одземен чеканот.
Наркоман вози кола, и го запира сообраќаец заради пребрзо возење: - Господине, пребрзо возевте, ве молам излезете да дувате Не заебавај, имаш?!?
Пивце? – Го прашува келнерот сталниот муштерија. - Не со колата сум, донеси ми минерална вода. По една минута се враќа келнерот со пиво: - Пијте си раат, некој ви ја украл колата.
Си седат така Мујо и Хасо, си безделничат и едно време Мујо го прашува Хасо - А, бе Хасо, колку се 1+1 Хасо му вели: 2 - Малку бе пичка му
Се срушил авион среде гробишта. Полицијата пронашла 15.000 мртви!

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4954