Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Барак Обама на клупата на Вест Хем


Сепак, шансите за да се реализира ова, според познатата англиска обложувалница Вилијам Хил, се 10.000:1.

Стадионот на Вест Хем би можел да биде идна дестинација на претседателскиот кандидат Барак Обама, барем ако им веруваме на навивачите на англискиот прволигаш...

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД е еден од луѓето кои се најдоа на листата со кандидати за наследник на Алан Курбишли, но на онаа листа која ја објави познатата обложувалница.

Виновник за ова е неименуван лондонски бизнисмен кој предложил Обама да се најде на листата со кандидати, а од обложувалницата му дале коефициент од 10 илјади. Бизнисменот вложил десет фунти.

Како што велат луѓето од Вилијам Хил, облогот го прифатиле затоа што не е возможно тоа да се оствари. Доколку сепак по некое чудо се случи тоа, тој бизнисмен ќе добие 100.000 фунти (123.260) евра.

Од почетокот на претседателската кампања во САД низ Лондон се шират гласини дека Обама е навивач на Вест Хем, откако пред пет години за прв пат го посетил Лондон.

Портпаролот на обложувалницата, Грејем Шарп, во интервју за медиумите изјави: „Поставивме огромен коефициент затоа што претпоставуваме дека Обама во овој момент размислува како да дојде до малку поважно работно место. Ако ја изгуби претседателската трка, кој знае... Се е можно“.

Инаку од кандидатите за претседателски избори во САД, според обложувалницата, токму Обама е фаворит со коефициент 4:9, додека шансите на неговиот ривал се 13:8.

Според нив, во овој момент најголеми шанси да стане тренер на Вест Хем има селекторот на Хрватска Славен Билиќ со коефициент 3:1.

Филип Крстевски/Таратур
3.09.2008



Гледајте фудбал
Спорт
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
Бундеслигата продадена за 1.65 милијарди евра
slikaГерманската фудбалска лига објави дека договорила продажба на ТВ правата за наредните четири сезони за вкупно 1.65 милијарди евра, односно околу 412 милиони евра по сезона.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +