Трансферот на бразилскиот репрезентативец од Реал во Манчестер Сити предизвика лавина од критики на негова сметка, а помеѓу останатите се огласи и легендарниот Пеле.
„Во Челзи можат да бидат среќни што Манчестер Сити во последен момент го ’киднапираше’
Робињо и за него плати неверојатни 32.5 милиони фунти. Што се однесува на тоа момче, очигледно дека му е потребен сериозен советник“, изјави
Пеле алудирајќи на фактот што Робињо замина во Сити само поради парите.
Пеле, кој скоро целата кариера ја помина во Сантос, клуб од каде започна и Робињо, вели дека во целата приказна најмногу му смета фактот што фудбалерите најмногу се грижат за парите, а не за самата игра.
„Потполно ги снема сите спортски мотиви и очигледно дека едниствениот критериум се парите“, порача бразилската легенда.
Претседателот на Сантос
Марсело Теиксеира беше уште поостар во критиките кон својот поранешен фудбалер: „Приказната околу Робињо е една од најнепријатните епизоди во бразилскиот фудбал. Тој е идол на нашите деца, но повеќе не се однесува во тој стил“.
Најмалку разбирање за потегот на Робињо имаше менаџерот на Сантос
Жозе Фернандес.
„Сега сите овде се срамиме затоа што создадовме таков играч“.
Филип Крстевски/Таратур3.09.2008