logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Жигиќ сепак остана во Валенсија

Претходните неколку недели се шпекулираше околу негов трансфер во Премиерлигата, но сепак Србинот се одлучи да остане во Шпанија и да се избори за место во првите 11. 27-годишниот фудбалер дојде во Валенсија минатото лето, но настапи само на петнаесет натпревари, каде постигна само еден погодок. Жигиќ беше незадоволен со својот статус во клубот и сакаше да ја промени средината, сепак, на крајот го промени своето мислење. Српскиот репрезентативец не беше во составот на Лилјаците во суперкуп натпреварот со Реал Мадрид, а не настапи ниту во првото коло од Примера во кое неговиот клуб ја совлада Мајорка. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4951