Претходните неколку недели се шпекулираше околу негов трансфер во Премиерлигата, но сепак Србинот се одлучи да остане во Шпанија и да се избори за место во првите 11.
27-годишниот фудбалер дојде во Валенсија минатото лето, но настапи само на петнаесет натпревари, каде постигна само еден погодок.
Жигиќ беше незадоволен со својот статус во клубот и сакаше да ја промени средината, сепак, на крајот го промени своето мислење.
Српскиот репрезентативец не беше во составот на Лилјаците во суперкуп натпреварот со Реал Мадрид, а не настапи ниту во првото коло од Примера во кое неговиот клуб ја совлада Мајорка.
Филип Крстевски/Таратур3.09.2008