По насилствата и проблемите кои минатиот викенд ги предизвикаа навивачите на Наполи на патот кон Рим, италијанската комисија за безбедност на спортските натпревари реши да превземе поконкретни мерки.
Со одлуката на агенцијата, на навивачите на Милан и Фиорентина им се забранува гостување на натпреварите со Џенова, односно Наполи, кои се играат во второто коло од Серија А.
Натпреварите помеѓу Милан и Џенова веќе со години се прогласуваат за натпревари од висок ризик, откако во 1995 година беше убиен навивачот на Џенова
Виченцо Спагњоло.
Оваа забрана и не е големо изненадување за познавачите на италијанскиот фудбал, додека пак поради неодамнешното дивеење навивачите на Наполи за малку можеа да останат и без присуство на домашни натпревари, а не само гостински.
Филип Крстевски/Таратур3.09.2008