Сцена од филмот 40 дена и 40 ноќи
Но, 30-годишниот актер за тоа врска нема. Барем се додека персоналот на њујоршкиот хотел Сохо, кои го гледале во акција преку сигурносните камери не ја раскажале приказната на таблоидите.
Многу добро скриените сигурносни камери го фатиле
Џош Хартнет и непозната девојка во страсна акција и им овозможиле на персоналот на хотелот неочекувано забавна вечер.
Според изворот на Дејли Мирор, Џош и девојката се сокриле во ретко користената хотелска библиотека и се заштитиле со некаква завеса, но заборавиле дека во библиотеката има поставено сигурносни камери.

Пред монитор се собрале неколкумина вработени во хотелот, но изворот додава дека всушност „никој не знаел каде точно да гледа бидејќи владеела некоја необична тишина“.
„На Џош изгледа не му пречеше дека библиотеката не беше заклучена и дека било кој можеше да влезе“, вели изворот.