Младиот напаѓач не криеше дека сака во Челзи од каде веќе испечатија и дресови со неговото име. Сепак, Бразилецот во последен момент заврши во Манчестер Сити, на што тренерот на сините многу се налути.
Реал Мадрид ја прифати отштетата одредена од Челзи која изнесуваше 28.4 милиони фунти, но нестрпливоста на лондонскиот премиерлигаш доведе до одложување на трансферот. Капката која ја прели чашата беше продажбата на дресови, од Челзи, со името на
Робињо.
Кога на Сантијаго Бернабе пристигна понуда од 32.5 милиони фунти од Манчестер Сити Шпанците не се двоумеа, Челзи не сакаше и понатаму да ја качува сумата, па Робињо заврши на Истлендс.
Според наодите на британскиот The Sun,
Фелипе Сколари бил бесен поради ваквиот расплет па побарал објаснување од директорот
Кенион и сопственикот
Абрамович.
„Не е тајна дека Челзи во последните сезони плаќаше големи пари за играчи кои беа ’промашена инвестиција’. Сколари знаеше дека буџетот е ограничен и имаше само две желби,
Деко и Робињо. Португалецот дојде на Стенфор Бриџ за 8 милиони фунти, па поранешниот селектор на Бразил и Португалија мислеше дека ќе има доволно пари за да се купи и Робињо. Тоа сепак не се случи, а Сколари многу се налути“, The Sun ги пренесува зборовите на својот ’инсајдер’ во редовите на Челзи.
Филип Крстевски/Таратур3.09.2008