Ако им се верува на холивудските кулоарски гласини, Мајкл Џексон и Памела Андерсон се во врска – колку и тоа да звучи неверојатно.
Според американските таблоиди, јавноста е згрозена од ваквата информација, а злобниците велат дека парот „е сон на секој естетски хирург“.
„Можеби не смеат заедно на сонце, но затоа ќе можат да си делат завои и таблети во малечките глувчешки кафези, во какви што живеат“, ја коментираат таблоидите оваа бизарна вест.

Иако се претпоставува дека станува звор само за добар маркетиншки трик, неспорно е дека
Памела и
Мајкл Џексон излегуваат заедно и притоа разменувајќи нежности.
Како што пишуваат медиумите, контроверзниот пар е лоциран во елитниот хотел „Шутерс“ на Малибу бич.

„Седеа заедно на шанкот и конзумираа некое скапо вино. Разговараа за роденденот на Џеко, за неговиот нов албум, за децата... Знам дека нивниот состанок за некои е морбидна вест, но мене ми делуваа баш симпатично“, им изјави на медиумите еден гостин во хотелот кој ги забележал ѕвездите.
Откако дефинитивно му пропадна кариерата по скандалот со педофилија, Мајкл го привлекува вниманието на јавноста со низа ексцентрични испади. На една коктел - забава се појави во пижами, а во друга прилика, папараците го уловија во инвалидска количка. Дружењето со најпознатата американска старлета е уште една бизарна епизода во неговиот живот.