logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Медведев жали што ЕУ не ја обвини Грузија за почеток на конфликтот

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска на францускиот претседател Николас Саркози му го изразил своето жалење поради тоа што Европската унија не ја обвинила Грузија за почеток на конфликтот во регионот. Кремљ соопшти дека Медведев, во телефонскиот разговор со францускиот претседател рекол дека на неодамна одржаниот итен самит на ЕУ е усвоена „генерално избалансирана“ одлука за Грузија. „Рускиот претседател изрази жалење затоа што во документот од самитот, Грузија не се наведува како примарна причина за почетокот на кризата околу Јужна Осетија и Абхазија.
Copyright 2008 makfax [1] Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4941