Да се препуштиш на страстите на јавно место во некоја арапска земја и не е баш најдобра идеја, а посебно ако имаш склоност кон истиот пол. Затворската казна е само една од можните последици.
Две странски државјанки биле казнети со затворски казни од по еден месец откако се бакнувале и милувале на јавна плажа во Дубаи.
30-годишната Либанка и 36-годишната Бугарка судот во Дубаи ги осуди поради „бакнување, галење и непристојно однесување во јавност“.
Инаку, ова е прв ваков случај во Обединетите Арапски Емирати, наведуваат локалните медиуми.
Имено двете жени биле фатени како разменуваат нежности на јавната плажа Мамзар измеѓу Шарјах и Дубаи, а ќе им биде дозволено да се вратат во своите држави дури откако ќе ја отслужат казната.
Во Емиратите живеат околу 5.6 милиони луѓе, од кои повеќето странци, бидејќи поради богатството со нафта се позиционирани како еден од меѓународните бизнис центри и популарни туристички дестинации.
Но, и покрај големиот број странци, и понатаму владеат конзервативни закони, особено репресивни кон хомосексуалците и проститутките.
3.09.2008