Протест од активистите за човекови права пред парламентарната зграда во Исламабад, Пакистан поради последниот случај
Пет жени беа живи запалени од припадници на нивното племе бидејќи направиле огромен грев. Се решиле сами да си ги изберат идните сопрузи. Претходно убаво биле претепани, било пукано во нив, а за секој случај и ги запалиле.
Жртвите, меѓу кои се и три тинејџерки, биле насилно грабнати, претепани и им било пукано пред да бидат фрлени в оган. Жените се уште дишеле додека нивното тело било прекриено со гранки и лисја, а потоа запалено, пренесуваат медиумите и групите за човекови права.
Страшното злосторство се случи во селото Баба Кот, во областа Џаферабад, Пакистан, откако жените одлучиле да се спротистават на племенските обичаи и се венчале со сопрузи кои сами ги избрале.
Биле грабнати од неколку мажи, кои присилно ги втерале во автомобил и ги однесле на некое поле. Таму ги тепале, пукале во нив и потоа се уште живи ги запалиле.
Моментално има седум осомничени и тоа тројца се татковци на жртвите, брат на две од девојките, еден роднина и двајца други чиј идентитет не е познат.
Запрепастува фактот што шокантниот настан локалните власти се обидуваат да го забошотат. Пакистански адвокат ги разбесна групите за човекови права бранејќи ги мажите од Балучистан обвинети за убиство.
„Тоа се традиции стари неколку векови и јас ќе продолжам да ги бранам. Оние кои се обидуваат да ги сменуваат традициите треба да се плашат“, изјави адвокатот
Исрар Улах Зехри. Тој тврди дека племенската традиција ја спречува блудноста и ги моли законодавците да не ги менуваат законите што би го промениле тоа.
2.09.2008