Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Во Сицилија се продаваат вили за едно евро


Прекрасни сицилијански вили со поглед на Медитеранот се продаваат за само едно евро. Има само една малечка „заебанција“.

Иако пазарот на недвижнини цвета, на Сицилија очигледно не е баш така со оглед на последната понуда – вила за едно евро.

Сепак, има една малечка „заебанција“. Ако станете сопственик должни сте комплетно да ја реновирате вилата, а тоа нема баш евтино да ве чини бидејќи сите се напуштени по земјотресот од 1968 година. Се проценува дека реставрацијата на една вила чини најмалку 100 илјади долари.

На ваквата идеја дојде градоначалникот Виторио Сгарби кој со ваквата понуда планира „да убие две муви со еден удар“. Се планира да се привлече клиентела желна за мирен одмор, која воедно ќе ги реставрира вилите на своја сметка.

Секако, новите сопственици ќе мора да ги обноват вилите по пример на нивниот поранешен изглед и тамошната архитектура. Има и уште едно „ама“. Никој не ви гарантира дека главниот причинител за земјотресот, вулканот Етна нема повторно да направи катастрофа.

„Мислам дека луѓето кои имаат чувство за бизнис ќе ја препознаат оваа прилика“, изјави Сгарби. „Во замена за едно евро нудиме вили кои ќе ги преуредат во нивниот првобитен изглед“, додаде градоначалникот.


2.09.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +