Среќниот параглајдерист, благодарение на резервниот падобран, преживеа пад од висина од скоро два километри. Цело време бил во несвест.
Откако скокнал од авион, 57-годишниот
Џејми Робертсот со главата удрил во опашката на авионот.
За среќа при ударот му се отворил резервниот падобран, па Робертсон среќно слетал во рацете на лекарите.

Робертсон, кој досега има направено 409 скокови во последниве 23 години, се освестил дури на патот до болница, без да се сеќава за инцидентот.
„Ветерот ме однесе до опашката од авионот. За среќа ударот беше толку силен па заради тоа ми се отворил резервниот падобран, што не е вообичаено. Не можам да поверувам колку сум среќен", рече Џејми Робертсон. „И докторите ми рекоа дека чудо е што сум преживеал!“
2.09.2008